ИНТЕРВЈУ СО Г-ДИНОТ ВЛАДИМИР КАНЕВЧЕВ, ПОРАНЕШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД ОХРИД

Охрид Вест: Деновиве покрај другите актуелни теми, слушнавме дека Обединетата Младина на Македонија, на чело со нејзиниот претседател, младите членови и уште неколку Општиски организации ја напуштиле коалицијата со владеачката партија, или поточно му свртеа грб на Љубе Бошкоски. Вие веќе неколку месеци не сте дел од ОМ, и мислам дека бевте првите во Македонија кои заедно со целото општинско раководство се повлековте, токму пред председателските избори, а воедно и изборот за градоначалник. Дали влеговте во конфликт со владеачката СДСМ или тоа беа внатрепартиски несогласувања?
Каневчев: И јас од медиумите разбрав за потегот на Обединетата Младина на Македонија која воедно и ја напушти партијата. Да ние од Охрид бевме првите кои јавно излеговме од Обединети за Македонија, после неколку месечниот игнорантски однос од страна на претседателот Бошкоски кон нас. А дали сум влегол во конфликт со СДСМ? Не, никогаш не сум влегол со никого во кофликт од СДСМ. Дека на моменти сум ги критикувал и ги критикувам за одредени пропусти, тоа е факт, тоа го правев и кога бев актуелен претседател и кога ни функционираше коалицијата во правата година на владеење. Но не се работи за тоа. Се прашувате зошто дојде до тоа? Ние години наназад се боревме да го срушиме режимот, и во таа заедничка борба каде не само ние, тука беа Либералите, тука беа ВМРО НП, НСДП, другу партии и здруженија на турците, египјаните и сите незадоволни и разочарани граѓани застанавме зад Коалиција за подобра Македонија предводена од СДСМ, но не за повторно да направиме партиска држава, туку да го срушиме партиското владеење и сите сплотени, и леви и десни, да ги искористиме сите наши ресурси, знаења, можности, да ги задржиме младите тука и од Македонија да направиме модерна Европска држава. Охрид Вест: Денес гледаме сосема друга реална слика, кое е вашето мислење за тоа? Каневчев: Ние не само што не се ни приближивме до Европа, туку уште повеќе се оддалечивме. Можеби како коалициони парнери бевме искористени од сегашната владеачка гарнитура, ама резултатите се видливи токму сега. Но ќе потенцирам, за актуалните случувања, не е целата кривица во СДСМ. Ние требаше да бидеме тие кои ќе внимаваат на сите погрешни чекори, како дел од власта, да не дозволиме скршнување од патот. Но очигледно некому му беше најбитно да си фати, каква таква позиција во Владата, или народски кажано фотеља, да молчи, да аминува се, игнорирајќи го целото свое членство и гласачи. Со тоа сакам да кажам, доколку ние како партија имавме свои цврсти ставови, доколку бевме непопустливи за некои прашања, доколку бевме вистински коректор внатре во власта, пред се ние како партија, а верувам и другите коалициони партии, ќе изградевме поголем имиџ и кај членствотои кај гласачите, и од се најважно, немаше да и дозволиме на владеачката СДСМ до толку да си ја распостеле чергата, да тргне по друг, крив пат и денеска Македонија ја доведе во оваа ситуација до која е, а за тоа верувам дека и тие ќе ни беа многу благодарни зошто немаше токму сега, во не цел поминат мандат, да страхуваат дека власта им виси на конец.
Охрид Вест: Велите имавте игноратнски однос од страна претседателот Бошкоски. Нешто повеќе околу тоа.
Каневчев: Откако јас бев избран за општински претседател во 2016 година, пред излегувањето од затвор на претседателот, мислам дека партијата која во најтешките моменти од влаеедењто на груевизмот опстана, во тој период почна нагло да расте нејзиниот рејтинг, се одржа и Централно собрание, каде бев избран и за член на ЦК. Активностите на терен беа секојдневни и повеќе од успешни, а како десничарска опција, дел од коалицијата ВМРО за Македонија, целта беше постигната, сепак 26000 гласови на парламентарните избори не беа за потценување, зошто тие беа на некој начин и решавачки за промена на власта. Свесни бевме дека периодот до локалните избори беше многу краток за големи трансформации во државата, па се очекуваше и после таа битка да отпочнеме заедно, како на државно, така и на локално ниво со обнова на државата. Но за жал, СДСМ продолжи со нивната партиска политика, а Љубе, како лидер на ОМ, не само што со ништо не придонесе за наше вклучување во процесите, иако веќе беше дел од кабинетот на Заев, тој со своето отсуство од државата, а претходно присвојувајќи ги буквално сите ингеренции во партијата како да е негова приватна фирма, истата ја остави на чивилук. Јас иако бев постојано на линк со раководството на СДСМ од Охрид, бев немоќен и спрема моите соработници и спрема член стовото од причина што на државно ниво не постоеше никаква координација помеѓу ОМ и централата на Бихаќка. За сите идеи, предлози, постојано го информиравме Бошкоски преку е-маил и Вибер, затоа што постојано беше отсутен од Македонија и не можевме телефонски да го добиеме, едноставно заклучивме дека не е заинтересиран како претседател и не сакаше да разговара за ниту една актуелна тема, посебно за предлогот за одржување на Централно собрание, каде имавме идеи и ставови како во иднина да настапиме спрема нашите коалициони партнери.
Охрид Вест: Какви ви се сега сознанијата, верувам сте во контакт со вашите бивши сопартијци, дали ОМ ќе опстои како партија и како политички фактор во Македонија и каде ја гледате вие понатаму вашата идна политичка кариера?
Каневчев: Не би сакал да шпекулирам, како десно ориентиран бев дел од ОМ, мислејќи дека е вистинската опција која остана достојна на идејата на историското ВМРО, но после се, заминувајќи од таму, не сум член на ниту една партија, зошто во моментот не ја гледам вистинската десница, иако еве дел од мојте бивши сопартијци се приклонуваат кон ДПМНЕ. Во контакт сум со многу луѓе од партијата, и тоа претежно со оние кои беа во врвот на ОМ, кога бев и јас. Искрено разочараноста е огромна кај сите. Доста од нив, како и мене, ја напуштија партијата, некои само формално се дел од ОМ, но веќе подолго време ниту имаат информации, ниту некакви активности, па ниту контакти со Бошкоски, од што јасно се гледа дека, за жал ОМ веќе и не функционира како политичка партија. А за таа состојба во која е донесена партијата, на сите веќе им е јасно кој е крив, враќање назад нема, и на претседателот искрено му посакувам пред се здравје и мир во душата, зошто знаеме и сите низ што се помина во животот. Што се однесува до мене и мојата политичка кариера, едноставно ќе го кажам следното, јас сум по занимање геодет инжинер и немам никави политички амбиции. Било која власт во државата ако почне да работи професионално, односно професионалниот кадар го стави пред партиските послушници, ќе ја поддржам и очекувам да бидам вклучен во процеси кои ќе бидат корисни за напредок на државата. Останувам и понатаму десничар по убедување и се надевам дека за скоро во Македонија ќе се создаде клима за вистинска десница и вистиснки реален и коректен опонент на власта каде државните интереси ќе им бидат приоритет над се друго.