друженијата, Центар за одржлив развој АЛКА и Решенија за Развој (DeSo) од Скопје, во рамки на потпроектот „Онлајн маркетинг и комуникација за одржлив развој на руралниот туризам“, организираат дводневна обука на тема „Дигитален маркетинг“. Бесплатната обука ќе се спроведе на 24 и 25 Октомври 2019 година , во хотел „ Дрим“ во Струга.
Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид ги повикува сопствениците на капацитети за сместување од мал обем, хотели, ресторани и други даватели на услуги за рурален туризам, и /или лица кои започнуваат со отварање на бизнис за развој на руралниот туризам, да се пријават за учество на обуката преку следниов контакт https://www.facebook.com/events/1275239555969482/ .
Спроведувањето на обуката, во сферата на онлајн маркетинг и комуникации, претставува значаен придонес кон развојот на руралниот туризам во Македонија, како компонента за градење на капацитетите на испорачувачите на туристички услуги во руралните средини.