ПРВО ПРОМОТИВНО ИЗДАНИЕ НА „OHRID OUTDOOR FESTIVAL“

Алпинистички клуб „Патагонија“ и Општина Охрид, на 27 октомври 2019 година ( недела) го организираат првото промотивно издание од “Ohrid Outdoor Festival”. Целта на фестивалот е заедничко дружење и  уживање во убавините на Охрид и планината „ Галичица“ , возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера.

Планинарска тура започнува во недела во 8:30 часот од СРЦ „Билјанини извори, со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „ Баба“ и пешачење до врвот „ Лако сигној“ на  1981метри надморска височина, а во исто време од истото место почнува велосипедска тура  преку Велестово- Крстец-Асанѓура.

По завршување на турите, во 14:30 часот за учесници и за сите присутни во Охрид, ќе биде организирана забава крај брегот на езерото, кај Центарот за обука на вода, на која ќе настапи охридскиот бенд BALTER.

За безбедноста на учесниците за време на бесплатните тури, ќе се грижат тимови од Планинската спасителна служба при Црвен крст- Охрид, а ќе ги водат професионални водичи во планина.

Сите заинтересирани треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови, а своето учество можат да го пријават на  patagonia.ohrid@gmail.com , со назнака за велосипедска или планинарска тура.

Линк до FB страницата на „OHRID OUTDOOR FESTIVAL“