Од утре до 28 октомври, Охрид ќе биде домаќин на промо – тура „Охрид 2019“, што ја организира локалната самоуправа.
Целта на активноста е приближување на туристичкиот потенцијал и понуда на Охрид до граѓаните на Италија особено на оние кои живеат во регионот на Милано.
На неколкудневното случување се очекува присуство на 15 туроператори и 5 новинари од Италија со цел зголемена промоција на градов на италијанскиот туристички пазар.
Директната авио -линија Охрид- Милано дополнително ќе допринесе во зголемување на бројот на италијански туристи кај нас.