Нова училишна спортска сала опремена по највисоки стандарди доби ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски„ од Охрид. Проектот е на Министерството за образование и наука и општина Охрид.
Салата е комплетно опремена со кошеви, два помошни коша, ракометни голови, голови за мал фудбал, мрежа за одбојка и гимнастички реквизити.Во рамки на проектот изградени се две канцеларии за наставници со засебни санитарни јазли со туш кабини. Изградени се и две простории за чување на спортските реквизити и две соблекувални за ученици со санитарни јазли, опремени со туш кабини.
Изградбата и опремувањето на училишната спортска сала во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа завршени за неполна година. Со реализирање на проектот битно се подобрија условите за спортување на учениците кои досега наставната програма по физичко образование ја реализираа во неадекватни услови во мала, помошна сала.
Новоизградената и опремена сала е дел од Владиниот проект за „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“.