По повод одбележувањето на 7 Ноември, патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и 75 годишнината од ослободувањето на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески, на градинката и подари играчки. Дечињата и вработените се заблагодарија за подароците и вниманието, а градоначалникот им вети дека Локалната самоуправа и натаму ќе работи на подобрување на условите за функционирање на детската градинка и одвивањето на воспитниот процес.