Се известуваат сите граѓани на Општина Охрид дека од 26.11 2019 година (вторник) ќе се извршат одредени измени на режимот на сообраќај во централно градско подрачје по барање на СВР Охрид – Одделение за полиција и тоа:
- На делот од улицата „ Дејан Војвода“ од пресекот со ул. „Македонски Просветители “ до пресек со ул. „ Абас Емин “ ќе се одвива еднонасочен сообраќај и тоа во насока од ул. „Абас Емин “ спрема улицата „ Македонски Просветители“;
- На делот од ул. „ Македонски Просветители “ кај Пожарна ќе се одвива еднонасочен сообраќај во насока спрема улицата „Абас Емин “ .
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според измените на режимот на сообраќај.