Градоначалникот Константин Георгиески, денес оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан. Чешкиот амбасадор пројави голем интерес за зголемување на соработката во областа на туризмот и културата, помеѓу Охрид и Чешка. Амбасадорот Томан изрази подготвеност амбасадата да учествува во промотивните активности на локалната самоуправа, со цел, доближување на Охрид како туристичка дестинација до чешките граѓани.
На средбата се разговараше и за културен настан, односно можноста во Охридскиот театар да гостува театарска група од Чешка со претстава на Вацлав Хавел, со која годинава се одбележува 30 – годишнината од воспоставување на чешката демократија.
По средбата, градоначалникот Георгиески и амбасадорот Томан, ќе присустуваат на отворањето на Центарот за рехибилитација, едукација и сензонарна интеграција за возрасни лица со аутизам во болницата “Св. Еразмо“, чија реконструкција и опремување финансиски е поддржано од амбасадите на Чешка и Бугарија.