Во тек се градежните активности за санација на кровот од ОСУ „Св. Климент Охридски“. Со зафатот кој е по налог на Општина Охрид предвидена е реконструкција на оловните табли од куполите, санација на олуците,китирање на спојните елементи, оловните табли, окапници и ветробрани. Оловните плочи ќе бидат прицврстувани со нови завртки. Во рамки на планираното ќе се изврши и молерисување и варосување на ѕидовите од поткровјето кои имаа видни оштетување од протекување на вода.
Вредноста на проектот е околу 400.000 денари и со неговата реализација се надминува неколку годишниот проблем на протекување вода во просториите на гимназијата.
Изведувач на градежните активности е фирмата ФИЛАНД 2012 од Охрид.