Во 2020 од буџетот- 1,5 милиони денари за Фондот за заедниците
На предлог-амандман поднесен од пратеникот Рубин Земон, а изгласан од собраниската комисија за финансирање и буџет, идната 2020 година, од буџетот на РСМ ќе се издвојат 1,5 милиони денари за Фондот за заедниците. Овие средства ќе бидат наменети за невладините организации што се грижат за културата, идентитетот и други активности на заедниците што се под 20%.