Во 2014та не е регистриран ниту еден случај на Хив Сида во Охрид

Први декември традиционално во цел свет се одбележува како ден за борба против сидата.
Oваа година во Охрид не е регистриран ниту еден случај  на ХИВ СИДА. Последното хив позитивно лице е откриено во април 2013та година. Од почетокот на појавата на епидемијата на СИДА во 1987год, во Охрид се регистрирани 9 случаи од кои осум биле мажи, а една жена и тоа на возраст од 20 до 49 години, а само едно лице е над 55год. Осум од нив починале . Пренесувањето на болеста е хетеросексуално. Во Струга од овај заразен вирус заболеле три лица и сите се починати, а во Дебар едно лице.