ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЈАБЛАНИЧКИОТ И ПЧИНСКИОТ РЕГИОН ОД СРБИЈА

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со  претставници на Секторот за туризам и локален економски развој денеска оствари    средба со  претставници на Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија и  претставници од тамошните општини.  На средбата  се разгледуваа можностите за  препознавање  на заеднички интереси и можности за  заедничко постапување пред претсојните   европски програми.

 На состанокот  беше истакнато дека општина Охрид  е подготвена за заедничка соработка доколку се изнајдат соодветни форми  пред се во делот на туризмот  и искористување на средства од  ЕУ програмите. На предлог на општина Охрид добро би би било да се реализираат проекти од областа на туризмот,  инфраструктурата и заштита на животната средина.

Градоначалникот беше информиран и за  проектот „Партнерство и градење капацитети, пат до одржлив развој“ кој има за цел вмрежување на локалните самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион и  македонските општини и подигнување на капацитетите на локалните самоуправи за учество во програми за прекугранична соработка. Во проектот е вклучена поддршка во подготовка и имплементација на ЕУ проекти (ИПА прекугранична соработка Бугарија – Србија и Србија – Македонија).