Јавното претпријатие „Градски гробишта“, денес започна со подготвителните активности за поставување на лизгалиште на мраз. Лизгалиштето ќе биде лоцирано на улица „Македонија“, пред НУЦК „Григор Прличев“.
Во периодот додека е поставено лизгалиштето, општина Охрид, секојдневно ќе организира забавен програм на мала сцена крај лизгалиштето.
Проектот за изнајмување и поставување на лизгалиштето на мраз е на Агенција за млади и спорт, а општина Охрид ги изведува подготвителните зафати.