Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески присуствуваше на новогодишниот ручек што општина Охрид го организира за 150 социјално најзагрозени лица,а во соработка со Црвен Крст и Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Градоначалникот на присутните им посака добро здравје, среќа и бериќет во Новата Година.
– Чест ми е што денеска имам можност со вас да споделам заеднички оброк и да ве запознаам одблиску. Радоста која денес ја гледам во очите на секое ваше дете, посакувам да остане забележана во текот на целата наредна година. Сите вие сте значaен сегмент од нашето општество, а ние сме секогаш тука да креираме можности за подобар живот и надминување на социјалните разлики меѓу сите граѓани. Тековно општина Охрид реализира активности кои се дел од програмата за социјална заштита, а се за подобро утро на сите Вас. Согласно своите ингеренции општината редовно се вклучува во одбележување на Неделата на солидарност во месец април и Неделата на борба против гладта во месец октомври.Сите под ова небо сме едно исто- сите сме ЛУЃЕ. Затоа да се сакаме , да се дружиме и да си помагаме меѓусебно. Сите заедно да влеземе во една посреќна, поуспешна и побериќетна година со желба за најдобро здравје на сите нас- рече градоначалникот Георгиески.
Најмладите на настанот ги израдува Дедо Мраз кој им подари новогодишни пакетчиња, а се одржа и културно забавна програма.