ПОСЛЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2019 ГОДИНА

Советот на општина Охрид, на денешната 37 – седница ја прифати информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на општина Охрид. Пред да се премине на дневниот ред, истиот беше надополнет со уштре три точки: Оперативна програма за организирање и функционирање на зимската служба, Предлог одлука за донесување статут на ОУ “Григор Прличев“ и Предлог одлука за експропријација на градежно земјиште. Во продолжение беа усвоени предложените програми за 2020 година за поттикнување на развојот на туризмот, за поддршка на локалниот економски развој, за изработка на урбанистички планови, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица, за заштита на животната средина и природата, за одржување на јавна чистота, за подигање и одржување паркови и зеленило, за спорт и рекреација, за млади и невладини организации, за активностите  во областа на образованието, за детска заштита, за социјална заштита, за културни манифестации и творештво, за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво, за работа на Советот на Општина Охрид, за енергетска ефикасност, за јавно осветлување, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај, други комунални услуги, за изградба на системи за водоснабдување, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за изградба на сообраќајна сигнализација, за уредување градежно земјиште, за управување со отпад и  програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид. Претходно од доставените 14 аманддмани, советот прифати 2 целосно и еден делумно, а потоа го усвои  буџетот на единицата на локалната самоуправа за 2020 година, одлуката за извршување на буџетот на Општина Охрид за 2020 година и одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година.

Советот ги прифати и предложените одлуки за усвојување на програмите за тековно работење во 2020 година  на МЈП „ Проаква“ Струга РЕ „ Водовод“ – Охрид, ЈП „ Нискограадба“, ЈП „ Градски пазар“ , ЈП „ Охридски комуналец“ , ЈП „ Градски гробишта“ и „ Билјанини извори“ . Беа дадени согласности за дополнување на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „ Билјанини извори“ , за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП  „ Нискоградба“ за 2020 година, за измена и дополнување на статутот на ЈП „ Нискоградба“ , за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП  „ Охридски комуналец“  за 2020 година, за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП  „ Градки Пазар“ , за разрешување и именување член во Управниот Одбор на ЈП „ Градски пазар“, за разрешување и именување член на Училишниот одбор на СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“, за прифаќање на иницијативата за одземање на правото на користење на градежно земјиште и одлуката за прифаќање донација на специјално товарно противпожарно возило.