СДСМ продолжува со трендот на вдомување на своите партиски кадри во јавната администрација, пред закажаните избори на 12 Април.
Најнов е случајот со советникот од Охрид, Ристе Булоски, кој од вчера е вработен во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор или во народот познато како СИЗ за становање.
Оваа информација за ОХРИД 24 ја потврди и директорот на претпријатието, Благоја Грозданоски, кој рече дека Булоски е вработен на позицијата референт за финансиско работење. Грозданоски не сакаше да ја открие платата која Булоски би ја добивал за таа работна позиција.
Од партиски извори во СДСМ дознаваме дека Булоски барал да биде вработен во УЈП, но партијата го задоволила со вработување во СИЗ за становање.
Колку за потсетување, пред извесно време премиерот во заминување, Зоран Заев, на младите им порача да не бараат вработување во јавната администрација.