Второлигашот Охрид веќе неколку недели е без шеф на стручниот штаб, откако Управниот одбор ја верификува одлуката на Гоце Толески да не ја продолжи соработката по завршувањето на есенскиот дел во ВМФЛ-Запад.
Охриѓани ќе имаат тешка задача да обезбедат опстанок, а за таа мисија ќе се потпрат на искусно име.
Според последните информации на Gol.mk, Драган Бочески се наоѓа пред враќање на кормилото на Охрид. Човекот кој го внесе клубот во ВМФЛ, си поднесе оставка на половина од есенскиот дел и на негово место дојде Толески.
Пред Бочески е скоро невозможна мисија, бидејќи се наоѓа на деветтото место во источната група на Втората лига и само Кадино има полоша есен од охриѓани. Освен Охрид, некогашниот легендарен фудбалер за врска ги водеше и Напредок и Пелистер.
Превземено од ГОЛ.МК