Новогодишната ноќ, на целото подрачје на СВР Охрид (Охрид, Струга,Вевчани, Кичево и Дебар) помина мирно и без инциденти, соопшти СВР Охрид.
Од СВР Охрид велат:
„ Имавме стабилна и поволна безбедносна состојба , не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и нема случени сообраќајни незгоди“.
Територијалната противпожарна служба дежурството го мина аплолутно мирно без ниту една интервенција. Но, за разлика од нив, полни раце работа за екипите на Службата за итна медицинска помош. Тие примале пациенти и повици во текот на целата ноќ, интеревенирале и на терен. Најмногу од интервенциите се однесувале на претерано консумирање алкохол, како и повреди настанати во пијанство.