(ФОТО) Охрид жив како никогаш порано – Грашо пее на преполн плоштад

Позитивна атмосфера, насмеани лица, преполн плоштад, преполно лизгалиште на мраз и исполнети сместувачки капацитети ја отсликуваат атмосферата во Охрид вечерва, наспроти утрешниот верски празник Богојавление Водици.

На плоштадот во Охрид вечерва настапи Петар Грашо, а плоштадот не се памети кога последен пат бил исполнет во толкав број во зима. Позитивна енергија и расположение какво одамна немало, публиката пееше со Грашо, а градот едноставно пулсираше во позитивен дух.

Социјалните мрежи се преполни со фотографии од охриѓани но и од посетителите кои уживаа во оваа магична ноќ, каква градот одамна немал.

ГАЛЕРИЈА