НОВА ДОГРАМА ВО ОУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во тек е промена на старата со нова висококвалитетна дограма. Нови прозорци веќе се поставени во шест училници и два кабинети. Висококвалитетни прозорци има и во двете нови училници кои се целосно опремени со нов мебел, под од ламинат , а нова просторија е направена и за техничкиот персонал.
Изведувач е фирмата „Дрво Пром“, а активностите се реализираат со средства добиени преку проект на Југозападниот плански регион.

До почетокот на месец април годинава се очекува да биде променета дограмата во сите училишни простории.

Промената на дограмата е дел од активностите за подобрување на условите за реализирање и следење настава.