Македонскиот актер, водител, музичар, писател, шоумен… или подобро речено „се’ живо во едно“ – Игор Џамбазов сфати дека начинот на исхрана е важна компонента во животот! Особено во поедини денови… Како ден пред викенд, да речеме!
Овошјето спаѓа во здрава храна, па затоа Џамбаз реши длабоко да им го препорача на поединци од нацијата… Чисто како замена за дериватите на млекото и некои млечни производи кои содржат многу маснотии, како урда, на пример.
Затоа маестро Џамбазов им препорача: „Место урда, урми јади…“!
„Урмата е најздравото овошје на светот. Ја викаат уште и пустински леб или овошје на боговите“ – вели во објаснувањето на својата викенд мени препорака шоуменот и потенцира:
„Се јаде само во петок. Мојата животна теза стана…“ – раскажува Џамбазов.