Поради зголемен интерес, се најавуваат уште две проекции на филмот „Дедо и Внук” во Охрид. Охридската публика филмот ќе може да го гледа на 12-ти и 13-ти февруари во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.
Режисер на филмот е Илија Пиперкоски, продуцент е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, а монтажата ја направи Данчо Стефков. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и Наум Цветкоски.
Цена на билет е 100 денари Телефон за резервации 046/261-063
Извор : Ohridnews