Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, денеска оствари работна средба со Јорданка Фандакова, градоначалник на Софија, Република Бугарија.
На средбата се разговараше за воспоставување поблиски пријателски односи меѓу двата града и за можна идна соработка на заеднички проекти.
Исто така на средбата се потенцираше и можноста за искористување на бугарските искуства во подготовка на проекти за аплицирање на различни програми од претпристапните фондови на Европската Унија.