ВНИМАВАЈТЕ!Охридските Таксисти користат ЛАЖНИ ТАКСИМЕТРИ

Не користење на соодветен таксиметар, наплаќање поголеми износи, недостапни линии, нервозни патници, ова е сликата која веќе подолг период се случува со такси превозот во Охрид.

Иако поголем дел од таксистите имаат соодветна лиценца тие не користат соодветен Фискален таксиметар .

До нашата редакција пристигнати се повеќе поплаки каде на граѓаните им се наплатува по цена која сам ја одредува таксистот или мерат километри со мобилен телефон со помош на GOOGLE аплилацијата SKOPJE TAXIMETER , а во најголем случај користат СТАРИ ТАКСИМЕТРИ кои се подесуваат по нивна желба.

ФОТО : ОВИЕ ТАКСИМЕТРИ СЕ ЗАБРАНЕТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ ,

ДОКОЛКУ НЕКОЈ ВИ НАПЛАТУВА СПОРЕД ВАКВИТЕ ТАКСИМЕТРИ ПРИЈАВЕТЕ НЕПРАВИЛНОСТИ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ 187 Или кај надлежените органи ( УЈП ), а доколку немаат лиценци во инспекторатот на Општина Охрид .