Kако што пренесе агенцијата „Анадолија“, највисоки плати во оваа европска земја имаат поискусните доктори, кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто. По нив се професионалните стручни лица за продажба или аквизиција со заработка од 99.635 евра, па директори на фондови со 83.640 и лекари специјалисти со 80.720 евра годишно. Меѓу најплатените се наоѓаат и финансиско-сметководните менаџери, како и регионалните менаџери за продажба.
Меѓу најслабо платените се работниците во кујна, чија годишна бруто плата изнесува 21.907 евра, по нив следуваат фризерите со 23.202 евра, келнерире или келнерките с0 23.620, работници во кол центри со 25.200 и рецепционери, со годишна заработка од 25.370 евра. Исто така меѓу најслабо платените во Германија се наоѓаат и работниците во благајни, стоматолошки асистенти, негувателки и шофери.
Минималната плата по час изнесува 9.19 евра. Најголема законски пропишана минимална плата по час има Луксембург (11.97 евра).
Нов закон доаѓа од 8 март. Законот што ќе биде донесен ќе го олесни увозот на квалификуваните работници кои доаѓаат и надвор од Европската Унијa. Главната цел на овој закон е да им се отвори патот на работниците кои се надвор од ЕУ да дојдат и да останат во Германија која има големи потреби од нив.