Турските партии даваат поддршка на промената на изборниот модел кој ќе доведе до поголеми промени
Помалите етничк изаедници чекаат да поминат овие избори за да продолжат со актуелизација на заложбите да се издејствуваат промени кои ќе им обезбедат застапеност во политичкиот живот, пред се преку поддршка на предлозите на пратеникот Рубин Земон кој предлага гарантирани места за малите етнички заедници како што се Египќаните. но надеж во промени гледаат и Турците кои иако се бројно поголема етничка заедница заради тоа што ги има низ сите градови, се разбиени во шесте изборни единици и единствено преку коалиции може да добијат пратеник.Претсавниците на партиите со турски предзнак даваат поддршка на промената на изборниот модел кој ќе доведе до поголеми промени.Џанер Исмаил: Во Охрид сме помеѓу 2500 и 3000 гласачи Турци
Советникот во Советот на општина Охрид Џанер Исмаил кој во советот влезе коалицирајќи со ВМРО ДПМНЕ оценува дека во Охрид неговата заедница има помеѓу 2500 и 3000 гласачи. Доколку бројките со кои калкулира Џанер се точни, тогаш неговата партија во Охрид немала потреба да коалицира со никоја друга партија и сама на изборите би освоила помеѓу два и четири советници.
За разлика од Џанер, втората партија од Турците ТХП , ПАРТИЈА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТУРЦИТЕ предводена во Охрид од Илхан Рахман е повоздржан и коментира дека во отсуство на попис кој не е спроведен две децении тешко е прецизно да се зборува за бројки но нагласува дека биле можеби повеќе од бројките од последниот попис. ( последен попис во Охрид 2256)
-Од политичарот Ресул Шемо кој ја предводи една од најголемите Мрежи во СДСМ не успеавме да добиеме став по ова прашање но Според наши сознанија во коалицијата на СДСМ Шемо придонесува со околу 2500 гласови.
-Тука е и Ахмет Пател поранешен советник и истакнат активист на СДСМ , според нивните калкулации допринесува со околу 2000 гласови.
Според последниот попис спроведен пред 20 години во ОХРИД живеат 2256 Турци.
Бројките што ги кажуваат Турските партии и политичари во Охрид се околу 8 илајди Турци гласачи во Охрид и решаваат за победникот на секои избори во градот.