Комисијата за заразни болести и препорачува на Владата да донесе одлука за забрана на сите масовни собири, публика на спортски натпревари во затворено и на отворено. Тоа го предлага за наредните 14 дена.
Со оглед на тоа дека натпреварот помеѓу Македонија и Косово се игра на 26-ти март, оваа забрана би истекла два дена пред мечот, односно на 24.март. Но, голема е веројатноста да биде продолжена одлуката со оглед на брзината на ширењето на коронавирусот во последните неколку дена.
Уште пред неколку дена првиот човек на ФФМ Мухамед Сејдини најави таква можност. Во Италија фудбалот и сите спортови се целосно суспендирани до 3-април, Шпанија забрани навивачи на стадионите, исто така и Франција. УЕФА одлучи мечевите од ЛШ и ЛЕ да се играат без присуство на публика, а дури и размислува за одложување на мечевите.