Почитувани клиенти,
Во согласност со препораките и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, Охридска банка воведува низа мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите на Банката.
Во таа насока, ве советуваме:
– ограничете ги Вашите посети во експозитурите и деловните згради на Банката. Доколку имате неодложна потреба, имајте во предвид дека на сите наши локации се обезбедени средства за дезинфекција кои може да ги користите при посетата.
– избегнувајте директен и близок контакт, ракување и долго седење во затворени простории
– користeте ги електронските канали на Банката за вршење банкарски операции: елекстронското банкарство, мобилното банкарство Моја Банка, веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk, социјалните мрежи, како и контакт центарот (02) 15 050
-На располагање ви стојат вашите референти кои може да ги контактирате на телефонските броеви на експозитурите, објавени на веб страницата на Банката.
Од 11.03.2020 година, па во наредните 14 денови, експозитурите на Банката ќе работат според изменето работно време кое може да се погледне на следниот линк.
Охридска банка се грижи за Вас и за вашата безбедност и Ви стои на располагање за сите ваши потреби.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
Охридска банка