Поради изведување на завршните градежни активности за реконструкција и уредување на просторот кај месноста „Табана“, од утре 12.03.2020 година (четврток) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Цар Самоил“, во потегот од улиците „Цар Самоил“ и „Коста Абраш“ во близина на Капетанијата на пристаништата до црквата „Света Софија“.
Времениот прекин на сообраќајот ќе биде активен до комплетно завршување на градежните активности.