Денеска на прес-конференција во Владата министерот за здравство Венко Филипче, рече дека дополнителни мерки вклучуваат: кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и внатре капацитетот да биде преполовен, што значи да се задржи дистанцата од метар и пол до два меѓу луѓето кои престојуваат таму.