Заради ситуацијата со корона вирусот во регионот и по најновите дејства на владата на СРМ, меѓународниот Теквондо натпревар ОХРИД ОПЕН 2020 кој требаше да се одржи на 22 Март во СРЦ Билјанини Извори, се одложува на неодредено време. Македонската Теквондо федерација и Теквондо клуб Хваранг Фист од Охрид како организатори се придржуваат до препораките на МОК и Светската Теквондо федерација за одложување на сите натпревари на неодредено време. Се извинуваме на сите пријавени клубови и натпреварувачи, и знаеме дека на сите здравјето на нашите членови е поважно од секој освоен медал или награда, велат од ТК Хваранг Фист