ОПШТИНА ОХРИД ГИ СЛЕДИ ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНА ВИРУСОТ

По препораките и мерките кои ги донесе и ги презема Владата за справување со коруна вирусот, Општина Охрид ги известува граѓаните дека е пожелно да ги намалат своите активности во однос на локалната самоуправа. Во таа насока, се замолуваат граѓаните доколку е тоа неопходно, своите потреби и права да ги остварат преку канцеларијата – сервисот за граѓаните, без непотребно да ги користат другите простории на локалната самоуправа.

На располагање и  понатака остануваат сервисите на веб страницата на Општина Охрид и телефонските контакти и електронски адреси.