Евн нема да ја исклучува струјата на граѓаните, додека траат превентивните мерки за заштита од вирусот, уверуваат од компанијата. Од таму апелираат до корисниците ако не им е итно да не доаѓаат во пунктовите на компанијата, а оние кои се во можност да ги користат електронските услуги. Поради превенција , привремено ќе бидат затворени приемните канцеларии во Дебар и Гостивар.