Поради појавата на Вирусот Корона ЈП Градски Гробишта Охрид ги презема следниве превентивни мерки :

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ

Поради појавата вирусот  Covid 19 ( Корона ),  согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија и препораките  на Министерството за Здравство  ЈП Градски Гробишта Охрид ги презема следниве превентивни мерки :

1.      Се скратува времето на изложување на починатите лица на 30 минути,

2.      Изложувањето и верските обреди ќе се извршуваат во отворениот простор во склоп на капелата на Градските гробишта во Охрид.

Воедно апелираме до сите граѓани во следниов период  да го редуцираат своето присуство на погребувањата и да се почитуваат препораките на Министерството за Здравство на Република Северна Македонија .

14.03.2020                                                   Ј.П. ГРАДСКИ ГРОБИШТА-ОХРИД