Советникот Бесим Демиров повика Египќаните да се придржуваат до препораките за неширење на Корона

Советникот Бесим Демиров повика Египќаните да се придржуваат до препораките за неширење на Корона

Советникот од Египќаните во Охрид денес на својот фб профил објави:

Почитувани граѓани, почитувани Египќани. Заради новонастанатата ситуација со ширењето на Корона вирусот Ве повикувам сите да се придржуваме до препораките и наредбите издадени од властите и да одбегнувате собири каде има присуство на повеќе лица. Воздржите се колку што можете повеќе од излегување од своите домови ( освен во неопходни случаи ), а исто така не учествувајте на политички настани кои според одредбите кои се на сила не смее да се одржуваат. Само на таков начин ќе се заштитите себеси, семејствата, а пред се децата и старите лица од оваа глобална пандемија.
Со почит
БЕСИМ ДЕМИРОВ
Советник од Египќаните во Охрид