„А1 МАКЕДОНИЈА“ НА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ ИМ ПОДАРУВА 10 ГИГАБАЈТИ ИНТЕРНЕТ И СЕДУМ ТВ-КАНАЛИ

За да им го исполни секојдневието среде кризата со коронавирусот, „А1 Македонија“ им подарува 10 гигабајти мобилен интернет на сите свои корисници, а седум филмски и детски телевизиски канали ќе бидат достапни бесплатно.

„Kорисниците ќе можат да го активираат мобилниот интернет преку апликацијата Мојот А1, која можат да ја преземат од Play Store или App Store. Постпејд корисниците имаат можност доделениот интернет да го користат 30 дена од денот на активирањето, а припејд корисниците седум дена. Интернетот е достапен преку мобилната мрежа на ‘А1 Македонија‘ и може да се активира до 31 март“, соопшти компанијата.

Исто така, до крајот на март бесплатно ќе можат да се гледаат ТВ-каналите CinestarTV Premiere 1, CinestarTV Premiere 2, Nickelodeon, Nickelodeon Jr, Cartoon Network, Boomerang и Baby TV.