Министерството за внатрешни работи од утре во функција ќе ги стави бесплатната телефонската линија
080000201 и мејлот mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk на кои граѓаните ќе можат да добијат соодветна информација за функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата. Услугите се достапни на македонски и албански јазик.
-Вработените во МВР, каде што тоа е возможно, ги редуцираа контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови. Секогаш кога е тоа возможно, се користи телефонска или електронска комуникација, со цел да се одбегне доаѓањето на граѓаните во институцијата доколку тоа не е неопходно, порачуваат од МВР.