Деновиве започна чистењето на секундарната канализациона мрежа на улицата „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“.
Овие активности се дел од санацијата на главниот копнен канализациски колектор од населбата Лагадин до Охрид и на делот на главниот копнен канализациски колектор од Охрид до Струга.
Инвеститор на работите е ЈП „Колекторски систем“ Охрид, а работите ги изведува компанијата „ЕКО Теам“ ДОО од Скопје и „ИНД ЕКО“ ДОО од Ријека, Хрватска.