Екипите на ЈП „Нискоградба“ денеска спроведоа работни активности за санирање на дефект на канализационата мрежа на улицата „Богомилска“.
Од јавното претпријатие информираа дека дефектот е саниран и дека истиот бил предизвикан од несовесно однесување на граѓаните при користење на системот за одведување на отпадни води.
Упатуваме апел до сите граѓани во иднина да постапуваат посовесно и да не исфрлаат различен отпад во канализациониот систем.