Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција побара од сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.
-Ќе покажеме дисциплинирано дека секој од нас сме посветени на своите обврски за општо добро и за доброто на нашите деца. Вонредната состојба ќе трае 30 дена, а доколку е потребно и повеќе. Ова не значи дека ќе замре животот. Се продолжува да функционира како и вчера. Нема нови одлуки за ограничено движење на граѓаните, освен оние кои важат за граѓаните на Дебар и центар Жупа, рече Спасовски.