Занаетчиската комора на Македонија предлага ослободување од придонеси и персонален данок на занаетчиите за март, април и мај.

Занаетчиската Комора на Република Македонија предлага мерки за помош во надминување на негативните ефекти врз занаетчиството од состојбата со Ковид-19. -Наш предлог е занаетчиите да се ослободат од придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците март, април и мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во државата. Исто така предлагаме и времен престанок на работата на занаетчиите кои се во директен контакт со  луѓето како: фризери, козметичари, педикири и маникири, се наведува во соопштението од Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиска Комора на РС Македонија. 

Во соопштението се наведува дека добро развиено занаетчиство значи и застапување на интересите на занаетчиите на домашниот и странскиот пазар и јакнење на нивната конкурентност.