Со несмален интензитет продолжуваме со дезинфекција на јавните површини на територијата на општина Охрид и приградските населби. Денес посебно внимание посветуваме на здравјето на нашата најмлада популација и се дезинфицираат детските игралишта на целата територија на општината: ул.„Булевар Туристичка„ (на влезот во Охрид), во населба „Даљан„ , кај училиштето „Братство„-Лескајца, ул.„Крали Марко„, нас.„Даме Груев„, кај „Отекс„, ул.„Сирма Војвода„ , нас.Видобишта, нас.„Гоце Делчев„ и централна детска градинка.
Со антибактериско дезинфекционо средство се третираа и јавните површини и пристапи во Здравствениот дом во Охрид и пристапните патеки кај комплексот од згради на пресекот од „Булевар АСНОМ„ и „Сирма Војвода„ ,
пешаката патека од каналот Студенчишта до Парк, скејт-паркот, фитнес зони и детското игралиште ,
влезовите и дворните места од јавните претпријатија .
Дезинфекционите активности ќе се спроведуваат во текот на денот и се планира да се третираат јавните површини во приградските населби: Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Куратица, Сирула и Вапила.