На 18 март дала изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација на адресата на пријавеното престојувалиште во траење од 14 дена со што ќе ја почитува изречената писмена наредба на министерот за здравство издадена на 16 март и Одлуката за мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19, не постапила по наведените обврски. Истиот ден обвинетата излегла од престојувалиштето и се упатила во непознат правец со што го сторила делото што и се става на товар.
Обвинителството до надлежниот суд во Охрид поднесе предлог на обвинетата да и биде изречена кривична санкција-парична казна во висина од 100 дневни глоби со 30 евра вредност на една дневна глоба.