Македонската А репрезентација натпреварот против Косово ќе го одигра на 4. јуни 2020 година на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.
Финалниот натпревар ќе се одигра на 9. јуни 2020 година, а домаќин ќе биде подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија, соопшти денеска УЕФА.
Европската куќа на фудбалот, претходно објави дека се одложува најголемото репрезентативно натпреварување УЕФА ЕВРО 2020. кое требаше да се одигра во јуни и јули годинава.
Соочени со присуството на корона вирусот COVID – 19, здравјето на сите вклучени во играта е приоритетно, како и избегнување непотребен притисок на националните јавни институции вклучени во организација на натпреварите.
Одложувањето, исто така ќе помогне да се завршат сите домашни натпреварувања кои моментално се во прекин заради кризата со COVID – 19.