Одделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ „Општа болница„ во Охрид при евентуална потреба ќе биде установата каде ќе се згрижуваат пациенти со потешка клиничка слика заболени од коронавирусот и за оние пациенти што имаат потреба од интензивно лекување, соопшти денеска Константин Георгиески.
Одлуката била донесена на координативениот состанок одржан со претставници на сите здравствени установи од подрачјето на Општина Охрид, а во согласност со Оперативниот план, изготвен според протоколите на Министерството за здравство и препораките на Светската здравствена организација за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирус.