Владата им препорача на банките порано да обезбедат исплата на пензиите односно од 28 март, за да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните во екот на пандемијата од корона вирусот и зголемената потрошувачка.
Претходно, беше соопштено дека вицепремиерката Мила Царовска контактирала со македонската Банкарска асоцијација.
„По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, кабинетот на вицепремиерката предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28 март“, соопшти Владата.