Министерството за здравство информира дека во изминатото дено-ноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).
Вкупно до денес во Охрид регистрирани се два случаи на КОВИД-19 .