Даниела, Ѓоко, Предраг, Никола, Анастасија и Гзим се само неколкуте волонтери во мобилните тимови на Црвениот крст и Општина Охрид кои деновиве им пружаaт услуги на своите сограѓани како набавка на прехранбени продукти, средства за лична хигиена и лекови и плаќање сметки за режиски трошоци.
Волонтерите на подрачјето на градот Охрид веќе неколку дена им помагаат на старите и изнемоштени лица и на лицата со специјални потреби, и лицата во самоизолација директно до нивниот дом, откако властите секојдневно апелираат граѓаните да останат дома, и да помогнат во успорување на новиот коронавирус за кој веќе е прогласена пандемија.
„Секој тим е составен од два до три членови, во моментов, 4 лица вработени во Општина Охрид и 16 лица од Црвен крст Охрид, вработени, волонтери и припадници на Планинската спасителна служба се подготвени да одговорат на барањата на граѓаните и излегуваат на терен по потреба, во зависност од фреквенцијата на повици од граѓаните“, велат од Црвен крст – Охрид за Радио МОФ.
Повеќе информации на https://www.radiomof.mk/mladi-volonteri-angazhirani-za-pomosh-na-stari-lica-vo-vreme-na-pandemija/