ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ И ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ГИ РАЗГЛЕДУВАА МОЖНОСТИТЕ ЗА СТОПАНСКО ЗАЖИВУВАЊЕ НА ОХРИД

Градоначалникот  Никола Бакрачески,  денеска  во општинската зграда,  оствари работна средба со 30-ина претставници од градежната фела во Охрид.

Целта на работниот состанок беше општината и градежниците заеднички да ги разгледаат сите аспекти од функционирањето на  градежништвото во Охрид

Од страна на градоначалникот Бакрачески беше истакнато дека општина  Охрид настојува согласно своите ингеренции и во склад со законската регулатива   да им излезе во пресрет на инвеститорите како и  во рамки на своите  можности  да влијае до ресорните министерства во поглед на забрзување на  некои постапки во однос на  надминување на потешкотиите со кои се соочуваат градежниците во административниот дел.
На средбата беше заклучено дека општината и градежниците имаат заеднички интерес во  однос на  развој на градежништвото и  фирмите  што би значело и  постигнување на основната   цел на Локалната самоуправа,  односно стопанско заживување на Охрид  и   вработување  поголем број  охриѓани.

На  работната средба која се одржа на иницијатива на градежниците  од Охрид, градоначалникот  Бакрачески ги сослуша сите проблеми со кои се соочуваат градежниците во Охрид и беше истакнато дека во рамки на своите ингеренции општината максимално ќе се заложи   да најде законско  решение за надминување на истите. Притоа   беше подвлечено дека Општината ја помага бизнис заедницата која вработува луѓе и дека во рамки на своите  законски можности се труди  да ги сервисира заостанатите долгови на  градежната фела  преку склучување на спогодби и исплата на долговите на рати.