Според податоците од болницата во Куманово и од Институтот за јавно здравје, министерот за здравство, Венко Филипче, ја појасни ситуацијата околу првата жртва на корона вирус кај нас, 57-годишната жена од Куманово.
16 март прв преглед, со температура, без други симптоми. Не патувала во странство и немала други контакти со заблени.
Следниот ден дошла пак со температура, заедно со синот, кој исто бил болен.
На 17 и 18 март се под терапија, а се без кашлица. На 19 март со потежок наод на белите дробови и со рентген снимка, кај двајцата се земаат брисеви за корона вирус, кој бил негативен.
На 20-ти се повторува тестот на мајката, според препораките од СЗО ако има симптоми.
На 21-ви повторно се влошува состојбата што доведува до смрт. Посмртно тестот покажува дека има присуство на корона вирус.
Тестот никаде во светот не е сто процентно сензитивен – рече Филипче.